×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Која е разликата помеѓу обувките Arcopedico и останатите ортопедски обувки?

Која е разликата помеѓу обувките Arcopedico и останатите ортопедски обувки?

Кои се 5-те најважни карактеристики, кои ги прават обувките Arcopedico поразлични од останатите?

 Изработени се од квалитетни и нетоксични материјали

Arcopedico: Пролетните еспадрили се изработени од мерцилизиран конец кој и дозволува на кожата да дише. Дополнително обувките се лесни за одржување и можат рачно да се перат. 

Останати обувки: Најчесто обувките се изработени од материјал (еко кожа, полиуретан, полиестер) кој не и дозволува на кожата да дише и ја прави подложна за развој на многу габични инфекции.

✔ Имаат приспособлив горен дел кој овозможува подобра адаптација на стапалото

Arcopedico: Горниот дел е плетен со марцилизиран конец кој се адаптира на анатомијата на стапалото, не прави притисок и не ја отежнува циркулацијата. Препорачливи се за лица со деформитети на стапалата (hallux valgus).

Останатите обувки: Обувките кои се изработени од еко кожа, полиуретан или полиестер немаат флексибилност и прават притисок на одредени делови на стапалата. Ова конкретно се случува во метатарзалниот дел на ногата, каде што стапалото е во постојано движење и превиткување. 


✔ Анатомска подлога, која не се лизга и овозможува природно движење

Arcopedico: Обувките имаат гумен или плутен ѓон кој спречува лизгање. Во основата има вградено двојна поддршка (мост) кој дава дополнителна стабилност на стапалото.

Останатите обувки: Обувките се изработени од термопластичен каучук, полиуретан или термопластичен материјал. Овие материјали се доста флексибилни, но истовремено се подложни на лизгање.

✔️ Лесни, со што се намалува стресот на мускулите и зглобовите

Arcopedico: Овие обувки се карактеристични по тоа што се ултралесни, една обувка тежи само 150 гр. Со носење на лесна обувка се растретуваат скокните зглобови, колената и колковите. 

Останатите обувки: Најчестата тежина на секојдневните обувки варира од 350-500 гр. Поради таа причина, посебно постарите лица имаат проблем и чувство на отежнати нозе и проблеми со колената и колковите. 

✔️ Влошките се направени од плута или мемори пена поради што совршено се адаптираат на секое стапало

Arcopedico: Во внатрешноста имаат вградено анатомска влошка која дава одлична поддршка на медијалниот дел од стапалото и дополнителна стабилност на истото.

Останати обувки: Останатите модели на обувки најчесто немаат специјализирани анатомски влошки во својата основа. Корисниците купуваат дополнителна ортопедска влошка која ја вметнуваат во обувката. Со тоа го намалуваат обмот на чевлата и го зголемуваат притисокот врс стапалото.